Петар Маркоски ја преработи „Хавана“

Музичарот Петар Маркоски го преработи светскиот хит „Хавана“ од Камила Кабело. Овој пат тој направи комбинација од пеење и свирење виолина, а со оригинален аранжман на песната.

„Многу сум среќен зашто многу луѓе не само од кај нас туку и од светот ми пишуваат на мојот јутјуб-канал, споделуваат мислења, даваат предлози за нови преработки и позитивно реагираат на мојата музика“, вели Петар.

Тој веќе направи неколку преработки на познати светски хитови, некои со пеење, некои само со свирење виолина. И не планира да запре тука.

„Ги поттикнувам сите што имаат идеја за наредна преработка, песна што им е драга, да ми ја пратат во коментар на мојот јутјуб-канал или во фејсбук-порака. Со задоволство ќе се потрудам да ја направам ваша омилена“, додава тој.

Scroll to Top