По масовното труење, Петар сними песна за бездомните животни (ВИДЕО)

Петар Маркоски, побуден од масовното труење на кучињата низ Скопје, реши да сними видео на тема „Нова година“, но песната е за поддршка за заштита на бездомните животни.

„Животинчињата, домашните миленици се најдобриот пријател на човекот, нешто со кое можеш да зборуваш со часови, нешто што блеска од среќа во секој миг од денот кога ќе те види, најблагодарното суштество на Земјата! Секое милениче, без разлика дали e бездомно или не,  има тон љубов која сака да ја насочи кон некого, верност која безгрижно ја дава и среќа која секојдневно ја шири. Како новогодишен подарок со целата моја љубов ви ја испраќам оваа преработка на познатата новогодишна песна Jingle Bell Rock“, рече Петар Маркоски.

Scroll to Top