Покрај општински пари, Жерновски ќе донира и од својата сметка

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, ќе обезбеди донација од 1 милион денари парични средства за дел од барателите на помош кои се имаат обратено до Меѓународниот сојуз Скопје. Но, тој ќе донира пари и од својот личен доход. Жерновски ова го кажа на средбата со претседателот на Сојузот, Бојан Јовановски. Парите се од буџетот на Општината, како и од други донатори и истите директно ќе се исплаќаат на сметките на барателите.

Средствата се наменети за помош на граѓани од Општина Центар кои живеат во сиромаштија, социјален ризик или немаат доволно ресурси да ги покријат трошоците за неопходните лекувања, како и за самохрани родители, а претходно се имаат обратено до Меѓународниот сојуз Скопје за одредена донација или помош. Дел од донацијата ќе биде за покривање на трошоците за лекување на малиот Марко, кој има потреба од хируршка интервенција во Австрија, како и за дообезбедување на неопходните средства потребни за купување специјална инвалидска количка за Тео Богоевски, исто така жител на општина Центар. (А.Г.)

Scroll to Top