Позната албанска пејачка со низа комплименти за Тамара Ангеловска

Познатата албанска пејачка која стигна до финалето на светскиот „The Voice“, Линдита Халими упати низа комплименти за својата талентирана македонска колешка Тамара Ангеловска.

Линдита и испратила порака на Тамара во која ја прашала за личноста која пее на едно нејзино видео, а откако нашата пејачка и возвратила дека всушност на видеото е самата таа, Халими и кажала дека пее фантастично.

Како потсетување, Ангеловска неодамна го заврши своето средно образование, а студентските денови ќе ги помине надвор од Македонија.

Scroll to Top