Премиерот Заев шизеше на рок

Во екот на Изборната кампања,  музички се  отвори и премиерот Зоран Заев. Тој,  на митингот кој се одржа во Тетово,  шизеше на музиката , која е задолжителен дел од кампањата на СДСМ.

Симулирајќи дека свири гитара, премиерот Заев, во стилот на рокерите, со замижани очи, го пратеше вистинскиот музички ритам, од гитарата на музичарот Златко Ориѓански.

Она што е интересно е дека во кампањите на СДСМ настапуваат претежно рок музичари. Во тимот се Кристина Арнаудова, Бени Шаќири, Златко Оригански и  Ѓоко Таневски.

Scroll to Top