Принцезата ја доби својата бајка!

Вчера додека траеше свадбата на поп-ѕвездата Каролина Гочева и Михаил Корубин, социјалните мрежи беа преплавени со фотографии кои ги споделуваа гостите на свадбата како и емотивни пораки и честитки до младенците. Сепак, најемотивна беше онаа на Бона Пауновска, поранешна водителка на „Алфа“ телевизија и една од најдобрите другарки на Каролина. Бона подолго време  жевее во САД.

„Денес е денот кога две сродни души си кажаа ДА! Две делчиња кои се одрониле од вселената и на кои им било запишано во ѕвездите дека еден ден ќе се најдат, се најдоа и денес слават поради тоа. Славам и јас од далечините бидејќи знам дека мојата принцеза ја доби својата бајка.

Измешани чувства- душава ми плаче што не сум таму, ама срцето ми се смее зошто знам дека и нејзиното се смее од љубов и прекраснотии! Знам дека  Михаил Корубин Михо нема да дозволи насмевката никогаш да се симне од нејзиното лице, како што тоа го прави изминативе години!

Бидете ми вечно среќни и заљубени и од убавини глава да не кренете никогаш! Ве сакам!“ –  напиша некогашната водителка на Фејсбук.

Scroll to Top