(Прв дел) Лута пиперка против рак, простата и леукемија

Треба да издржите неколку минути. Можеби на почетокот ќе почнете да кивате и ќе ви биде тешко, но ова навистина ќе ви помогне. Тоа што лутата пиперка се наоѓа на листата меѓу најдобрите лековити билки е факт поради што таа е во состојба да направи неверојатни работи за кратко време.

Во современиот свет е реткост да се сретне човек што не е заболен од нешто. Да почнеме со најобичните симптоми, како што се главоболката, заморот, несоницата, проблемите со нискиот или високиот притисок. Ова се само предупредувања кои подоцна, доколку човек ги игнорира, може да го нарушат здравјето уште повеќе.

Ајде првин да ја анализираме главоболката и да кажеме зошто таа настанува и како може лесно да се излекува.

Главоболката може да настане од неколку причини:

Недоволна наспаност, претходна алкохолизираност, лоша циркулација, дехидрација. Решавањето на проблемот со ненаспиеноста е едноставно, а она што треба да го направиме е да легнеме навреме, што значи околу 22 часот. Зошто е тоа важно? Затоа што тогаш се лачат хормони кои помагаат квалитетно да се одмориме и се подготвиме за следниот ден. Кога ќе легнете навреме, сигурно нема да бидете уморни, ниту ќе ве боли главата поради ненаспаност. Што се однесува до алкохолизираноста и воопшто алкохолот, знаеме дека и минималната количина може да биде штетна.

Само две пијачки дневно го зголемуваат ризикот од малигни заболувања. Уште еден проблем е решен ако не пиеме алкохол затоа што алкохолот ја извлекува водата од телото.

Врз основа на тоа може да дојде до главоболка или до болки. Проблемот може да настане кај лошата циркулација, што е чест случај со луѓето што се хранат претежно со животински продукти.

Знаеме дека маснотиите од животинските продукти ги затнуваат крвните садови и така крвта не може нормално да патува низ организмот до секој орган.

Така настанува првиот бран болка, а подоцна може да дојде до некое малигно заболување.

Луѓето често знаат да ги игнорираат предупредувањата, што на крајот доведува до доцно откривање на болеста, што секако го отежнува лекувањето. Мора да внимаваме затоа што дехидрацијата е чест случај кај современиот човек. Современиот човек речиси и да не пие вода.

Главно пие кафе, газирани напивки, чаеви, сокови.

Мора да спомнеме дека 2/3 од човекот е вода. Водата е еден од најважните фактори и без неа секако не можеме да живееме. Тоа лесно може да се реши ако дневно пиеме по 2 литра вода.

По неколку часа ќе чувствуваме олеснување и целиот организам ќе почне подобро да работи, а ќе се ослободиме од проблемите со дехидрација.

Ќе имаме подобра столица, подобро ќе ни функционираат органите, едноставно, ќе бидеме поздрави. Ќе видиме дека со неколку работи ќе можете да направите многу повеќе добро за себе и своето тело. Нема да мора да пиете лекови за болки и секој час да трчате во аптека.

Еден автор изјавил дека е вистинска срамота да се биде болен во 21 век. Тоа е точно, медицината напреднала до толку што е срамота да се биде болен. Се разбира, постојат и случаи кога човекот толку ќе си го уништи здравјето што ќе мора да зема и лековити билки, кои може многу да му помогнат.

Продолжува:

 

 

Scroll to Top