Рангелова со лаковани чевли ја започна новата ера на ВМРО

Актуелната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова повторно изненади со стилот на облекување.  На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која е со слоганот „Новата ера почнува“ таа се појави во интересен стајлинг. Спортска комбинација со залтести  мотиви, пантолони припиени за телото, но највпечатливиот моден детаљ се лакованите бордо мокасинки.

Овој пат пратеничката карминот го искомбинирала со чевлите како освежување на црната боја на облеката. Во последно време се повеќе и светските и домашните ѕвезди спортските варијанти на гардеробата ги комбинираат со малку елеганција.

Scroll to Top