Ребека со музичка терапија ќе им помага на децата со аутизам

Хуманитарното здружение за лица со хендикеп „Дајте ни крилја“, предводено од поп-пејачката Ребека, почна да организира терапија со музика за децата болни од аутизам. Идејата за ваков вид терапија Ребека ја добила откако и самата поттикната доктор по квантна медицина, почнала да му пее наместо да му зборува на синот Маркијан. Во неговиот случај терапијата се покажала успешна, а тој ги кажал првите зборови. Пејачката се надева дека истиот вид терапија, со песна и музика, ќе им помогне и на другите деца.

Децата веќе го имале првиот час по музикотерапија. Часовите ќе се одржуваат еднаш неделно во музичкото училиште „Пијанофорте“, а децата се поделени во две групи од по три до пет деца. Со нив ќе работи д-р. Тереза Крцоска.

Здружението „Дајте ни крилја“ неодамна организираше терапевтско пливање за лица со хендикеп или попреченост.

Scroll to Top