Ристе Ристески ќе ги пречека новите таленти на аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“

Единствениот Македонец кој успеа да победи во најгледаното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ и стана ексклузивец на големата српска продукција, Ристе Ристески ги повикува сите талентирани Македонци да се пријават на големата аудиција која ќе се одржи во сабота (2-ри септември) во просториите на телевизија Канал 5 во Скопје.

ВАЖНО што треба да знаете е дека за учество во големата аудиција прво мора да се јавите на телефонскиот број 072 208 206 и да ги оставите вашите податоци. При телефонскиот разговор ќе ви биде кажан терминот кога треба да дојдете во просториите на телевизијата.

Откако телефонски ќе се пријавите и ќе го дознаете времето кога треба да дојдете на аудиција, се што треба да направите е да изберете песна со која ќе се претставите, да ја извежбате и во сабота (2-ри септември) да дојдете во Канал 5.

Во Канал 5 ќе ве пречека маестралниот Ристе Ристески, кој заедно со Саша Поповиќ ќе ги избере кандидатите кои ќе влезат во првиот круг на „Ѕвездите на Гранд“. Заборавете на тремата и искористете ја единствената можност да се запознаете, да се фотографирате и да побарате совет од Ристески. Слушнете ги неговите совети и станете нова ѕвезда на Гранд.

Scroll to Top