Романтична балада на Жере Бербер подарок за жените

Жаре Бербер за 8 Март на жените им ја подари својата нова песна со наслов „Понекад“. Песната е на Јован Јованов и Елвир Мекиќ и е поразлична од неговиот досегашен музички стил. Песната e романтична балада која била направена пред неколку години. Видеоспотот е на „Томато продукција“ и е снимен во околината на Скопје. Во спотот се појавува манекенка Симона Станковска.
Освен во Македонија, песната ќе биде промовирана и во регионот.

Scroll to Top