Сања и Слаткар се гушкаат на гондола

„Луда романтика“ е името на последната песна на Слаткар. Тој пред околу две недели сними спот во Венеција, а овој пат наместо разголени девојки, главната улога ја има неговата сопруга, Сања Николиќ.

Музиката е на Слаткар и Иван Јованов, а текстот е на Слаткар. Песната е всушност напишана за Сања, со која Марко е во брак веќе 4 години.

Спотот од нивната луда романтика во градот на љубовта беше промовиран вчера и веќе има преку 40.000 прегледи.

Scroll to Top