Саша Богдановиќ од СДСМ ќе се кандидира за градоначалник на Центар

Директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Саша Богдановиќ, најверојатно, ќе се кандира за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ. Потврдата за оваа кандидатура се очекува подоцна во текот на денот.

Откако вчера лидерот на оваа партија, Зоран Заев, изјави дека Андреј Жерновски ќе се повлече од трката за градоначалник на општината, се очекуваше името на новиот кандидат од СДСМ.

Денеска и Жерновски потврди дека се повлекува од трката за градоначалник, и тоа преку својот фејсбук-профил.

Scroll to Top