Сашко Коцев ја избра Јоана

Македонскиот актерот и комичар Сашко Коцев неодамна стана татко. Тој и неговата сопруга, докторката Смиљана, решија ќеркичката да ја крстат Јоана. Откако се породи Смиљана, а Коцев објави дека станал татко, на социјалните мрежи не престануваа честитките и од неговите блиски и од фановите. Актерот дури објави и фотографија како го прослави раѓањето на својата ќерка. Тој во една градска кафеана, заедно со Ранко Петровиќ, првиот човек на „Бубамара“, композиторот Александар Митевски и во друштво на пријателите славел до зори.

Сопругата на Коцев се породи неодамна во една од скопските клиники. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро. Пред неколку години актерот ја побара Смиљана за жена на сцената на „Златна бубамара на популарноста“.

Scroll to Top