Се подготвува албум со нови песни од Тоше

Претседателот на фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски, најави нов албум од Тоше кој треба да биде готов кон крајот на ноември или почетокот на декември. Албумот ќе содржи песни на англиски јазик кои Тоше ги снимил во студиото на Енди Рајт во Лондон, пишува „Либертас“.

„Подготовките за албумот се во финална фаза. На него ќе се најдат шест песни на англиски јазик на Тоше. Материјалот е снимен во студиото на продуцентот Енди Рајт во Лондон. Меѓу нив ќе биде и песната што се промовираше на 5 октомври во Скопје, но ќе има и неколку преработки на стари хитови на Тоше. Се подготвуваат и видеата за новиот албум“, рекол Николоски.

Scroll to Top