Се потам за згодно газе

Фолк-пејачката Џесика Палашоска, освен спремањето испити и музичките обврски, времето го минува и во сала за вежбање. Секојдневните вежби ѝ помагаат не само да го задржи добриот изглед туку и да го зајакне тонусот на мускулите.

„Јас навистина се потам секој ден во сала за вежбање и сакам да изгледам убаво. Правам секакви вежби – стомачни, за раце и нозе, за кревање на задникот. И навистина ме радува што сѐ повеќе девојки и жени сакаат да вежбаат и да го одржуваат телото“, вели Палашоска.

Фолк-пејачката наголемо учи и спрема испити на Економскиот факултет во Прилеп, кој планира наскоро да го заврши. Исто така, таа постојано е ангажирана со настапи дома и надвор од земјата.

Scroll to Top