Се разголеа македонските спортистки

Календарите на компанијата „Пелистерка“ секоја година предизвикуваат внимание, а овој пат на календарот ќе се најдат 12 македонски спортистки, најуспешни во своите дисциплини. Меѓу нив се и Наташа Андонова, Едина Муса, Дрита Ислами, сите во секси издание. Спорт1 објави неколку бекстејџ фотографии и видеа од нимањето на календарот.

 

„Идејата е да се покаже дека жените можат да бидат убави, женствени, секси, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани“, велат од „Пелистерка“.

Компанијата и во 2016 година направи календар со спортистки во секси издание, а тогаш нивни заштитни лица беа ракометарките на ЖРК Вардар.

Официјалната промоција на календарот ќе се случи утре.

Scroll to Top