Се разведоа Вера Мештеровиќ и фудбалерот Игор Кралевски

По десет години брак се разведоа поранешната Мис Македонија Вера Мештеровиќ и фудбалерот Игор Кралевски.  Во моментов се  одржуваат судски рочишта за финализирање на разводот.

Вера веќе се  отселила од нивниот заеднички дом,  а со себе ги зела и децата, синот Андреј и ќерката Јована.

Веста за разводот претходно ја потврдил  Игор, а сега и Вера. Таа не сака да зборува за причините за нивната разделба, ниту пак сака да прави сензација од својот приватен живот.

„Не сакам да коментирам ништо поврзано со разводот“, вели Мештеровиќ.

„Точно е дека ставивме крај на бракот. Сфативме дека подобро ќе биде да се разделиме пријателски. Животот продолжува понатаму. Среќен човек е оној што ќе се реализира како родител и ќе се чувствува исполнет во својата професија. Јас сметам дека сум успеал во тоа, па децата и работата комплетно ме исполнуваат и ме прават среќен“, рекол Игор за „Фокус“. Тој зад себе има уште еден неуспешен брак, од кој го има синот Теодор.

 

Scroll to Top