Серијата „Инсајдер“ можеби ќе се прикажува на Би-би-си

Атанас Кировски, директорот на телевизија „Телма“ на својот фексбук-профил напиша дека постои можност за соработка помеѓу „Телма“ и британската телевизија „Би-би-си“.

„Деновиве во Македонија се дружам со топ продуцент на „Би-би-си“ кој детектира дали „Би-би-си“ и „Телма“ догодина ќе ко-продуцираат втора сезона на „Инсајдер“. Човекот е фрапиран колку е добар квалитетот со оглед на буџетот и темпото на снимање што ни го диктираше лимитираниот буџет. Ендрју е одушевен од актерската игра, посебно на Цвеле и Ирена“, напиша Кировски.

Серијата „Инсајдер“ говори за состојбите во новинарството, за сплетките, валканите игри, трката по информации. Таа е една од неколкуте нови македонски серии што почнаа да се емитуваат оваа есен, а кои предизвикаа голем интерес и пофалби кај публиката во земјава.

 

Scroll to Top