Шекеринска е дамски облечена, но чантата ѝ е голема

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, чија колекција лани беше дел од Модниот викенд во Лондон, реши со своите модни совети да им помогне на познатите личности во стилот на облекување. За почеток, Златко го коментира стилот на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во оваа комбинација изгледа навистина дамски. А морам и да кажам оти се гледа дека секое парче што го носи е избрано со вкус“, вели Златко. И додава: „Ми се допаѓа кројот на сакото.

Само како забелешка во целта комбинација е дека треба да носи чанти со помали димензии, сепак таквите чанти повеќе се за покрупни жени,оние што носта Х или ХЛ-големина. Сепак, минстерката Шекеринска е од оние поситните жени. Сè на сè, таа е облечена одлично“.

(А.Г.)

Scroll to Top