Шест години од смртта на Гоце Арнаудов

На денешен ден пред 6 години почина Гоце Арнаудов, едно од најголемите музички имиња во македонската фолк музика. Пејачот почина на 57-годишна возраст од рак на белите дробови.

И шест години по смртта на Арнаудов, неговата публика се сеќава на неговите најголеми хитови: „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“…

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. На десетгодишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршување на средното училиште ја формирал групата „Крик“ со која настапувал низ цела поранешна Југославија. Се вратил во Македонија во 1993 година, а следната 1994 година на „Фолк фест Валандово“ ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајциче“.

Има испеано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, а на преку 60 од нив освоил прво место. Во 2000 година во родната Струмица направил концерт на градскиот стадион со 10 илјади публика, по што ја добил и наградата за пејач на деценијата и за почесен граѓанин на Струмица.

Scroll to Top