„Шшшш… Гола сум!“ – прва изложба на Марина Трајковска

Во вторник, 15 август, во Охрид се отвора несекојдневна изложба на фотографии со наслов „Шшшш… Гола сум!“ на Марина Трајковска. Настанот започнува во 20 часот во „Објектив бар“.

Изложбата е од отворен карактер, а гостите ќе ги забавува диџеј Насти Делукс, кој има  интернационална кариера. Ова е прва самостојна изложба на Трајковска која се занимава со филм и фотографија повеќе од пет години.

„Женското голо тело многупати е и злоупотребувано, ‘продавано’ за ситни пари. Овие слики зборуваат за она што се молчи, зборуваат за несовршеноста на совршената креација, за онаа невидлива енергија која е материјализирана во едно тело. Голото тело не е порнографија, тоа е најчистата форма, ова е најсуптилно заведување“, објаснува Трајковска. Таа е апсолвент на ФДУ во Скопје, отсек театарска и филмска драматургија. Неколку години ги потпишува и бекстејџ-видеата на Модниот викенд – Скопје.

Scroll to Top