Симон Трпчевски ќе го промовира „Македонисимо“ во Лондон

На 21 јануари македонскиот пијанист Симон Трпчевски ќе настапи во „Вигмор Хол“ во Лондон. Трпчевски пред британската публика ќе го промовира делото „Македонисимо“, транскрипции на македонска традиционална музика напишана од композиторот Панде Шахов.

На сцената друштво ќе му прават Александар Краповски на виолина, Александер Сомов на чело, Хидан Мамудов (кларинет , саксонфон и кавал), и перкусионистот Влатко Нушев.

Панде Шахов е водечки македонски композитор на класична музика. Тој веќе десетина години живее во Велика Британија, а овој проект му го посветува на македонскиот народ.

Scroll to Top