Скопјанката Горјана Кулишевска е македонското  „Лице на годината“

Скопјанката Горјана Кулишевска (16) е избрана за лице на годината од Македонија на регионалниот избор „Лице на годината”, познат како Тhe LOOK of the YEAR, кој се одржа завчера во Белград.

Во јуни се одржа кастингот во просториите на модната агенција „Моделс ИН“, каде што беа избрани десетте финалистки.

Ова е четврта година по ред како се избира лице на годината за Македонија во соработка со модната агенција „Модел скаутинг офис“ од Белград. Горјана веќе 3 години е дел од „Моделс ИН“ и во моментот се наоѓа на вулканскиот остров Искија, Италија, каде што се одржува финалето на „Лице на годината 2017“. Инаку, Кулишевска е трета година во гимназијата „Орце Николов“ и покрај манекенството, успева да најде време за фитнес и џогинг. Големото финале на „Лице на годината “ ќе биде в сабота.

Scroll to Top