Слаткар ќе глуми во бугарски филм

Македонскиот хипхоп-артист Слаткар деновиве ја објави својата нова песна насловена „Money“, за која е сниман и спот.  Песната ќе биде една од темите за музиката за бугарскиот филм „Привлечност“, во кој Слаткар ќе глуми во неколку сцени.

Автор на музиката и текстот е Слаткаристика, а аранжманот е на Иван Јованов-Ивајо. Видеото е со сцени од филмот, а го режираше  Мартин Макариев, познат по најдобрата телевизиска бугарска серија „Под закрила“. Премиерата на филмот е закажана за февруари, следната година.

Scroll to Top