Слаткар и Тони Зен ќе пеат на „Една љубов“

 

На 30 септември во СЦ „ Борис Трајковски“ во Мала сала неколку бугарски и македонски хип-хоп и ар-ен-би артисти ќе одржат неколкучасовен концерт.

Публиката ќе може да ги слушне Слаткаристика, Криско, Гери-Никол, Апсурд, Тони Зен и Диџеј Гоце С.А.Ф. Турнејата насловена како „Една љубов“ почна во Банско, продолжи во Охрид и Струмица, а се одржаа концерти и во Сончев Брег, Варна и Пловдив.

За концертот во Скопје билетите се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 400 ден.

Scroll to Top