Со гордост ќе одам годинава на Струшките вечери на поезијата

Новиот претседател на струшките вечери на поезијата Дарко Лешоски, предизвика низа коментари на социјалните мрежи. И позитивни и негативни критики.

На ова не остана рамнодушна, Ивана Хаџиевска, родена стружанка, шеф на протокол на премиерот Зоран Заев и поранешна водителка, која на својот фејсбук профил, застана во одбрана на Лешоски.

Одеднаш многу се заинтересиравте за Струшките вечери на поезијата!

А знаете ли за каква манифестација станува збор? Сте биле ли некогаш? Сте слушнале за директорот или прво да го разрешите претседателот на управниот одбор, уште не седнат?!

Стружанка сум, од дете ме носат на Струшките вечери на поезијата, пораснав таму, играа важен дел во градењето на мојата личност… кога родителите ме прашаа зошто повеќе не сакам да одам, бев искрена: Здодевно е, се’ баби и дедовци… и така 15-6 години.

Годинава ќе одам, со гордост, оти ќе зрачи со нова енергија, со младост, со убавина, оти Дарко е стружанец, дете од угледно семејство, а тоа многу ни значи нам стружаните, да ти е мерак да го гледаш, да го слушаш и да го читаш… оти Дарко ме натера да читам, да сакам поезија, да знам да ја доживеам, да ме допре длабоко.

Знам дека вие ќе направевте подобро, ама седете си дома на фб и плукајте, боље ви стои!

Scroll to Top