ФАТЕН НА ДЕЛО: Со кого се смешка Александар Тарабунов на сред езеро?!

Кога си популарен и имаш своја публика која ги сака и почитува твоите дела, тогаш тешко е да се сокриеш од љубопитните очи на јавноста, па така на оваа навидум „обична“ фотографија од пријателите на Александар ќе забележите нешто необично и многу приватно.

Имено, со одлично друштво и глисер на сред Охридско езеро не може, а да не си поминете одлично, но тоа не е така доколку мислите ви се некаде далеку. Погледнете внимателно, Тарабунов не ни забележува дека се фотографираат и продолжува смешкајќи се да се допишува со некоја личност на својот телефон.

Дали станува збор за нова љубов на популарниот пејач или само добра пријателка, ќе дознаеме наскоро.

Еден од најдобрите македонски машки вокали, Александар Тарабунов периодов е навистина активен. Покрај новата песна „Луд сум по тебе“ која е апсолутен хит на сите радио станици, викендов пред кратовчани настапи на реномираниот летен фестивал „Златни денови 2017“ каде ги испеа своите најголеми хитови.

Scroll to Top