Софија Манева првпат сама ќе подготви бадникова вечера

Пејачката Софија Манева, која пред неколку месеци го роди синот Петар, овие божикни празници ќе ги помине со него и со сопругот. Таа во интервју за весникот „Вечер“ вели дека годинава првпат сама ќе ја подготви бадниковата вечера и дека ќе меси лепче со паричка.

„Празниците секогаш сакам да ги минувам дома. Бадниковата вечер е посебна за мене, како и сите наши христијански празници. Бадниковата трпеза од гравче, риба и лепче оваа година првпат ќе ја подготвувам самата, но како и секоја година традиционално ќе кажеме молитва или ќе прочитаме некој пасус од Библијата за уште еднаш да се потсетиме кој е и колку е голем нашиот бог“, рекла Софија.

Таа подготвила и коледарски дарови. Жали што коледарчињата се сè поретки, но кога ѝ ѕвонат на врата таа пее со нив.

Софија раскажала дека ја радува улогата на мајка, а дека Петар е мирно бебе.

„Ја има најубавата насмевка на светот. Петар во текот на ноќта се буди по неколку пати и стандардно сум ненаспана, но мислам дека не постои мајка која е одморена. Тој многу сака музика и заспива со приспивни песни“, додала пејачката, која највила дека веќе има три нови песни и ќе ги сними ваднаш штом нејзиниот син малку ќе потпорасне.

Scroll to Top