Соник одлепи на фолк-песните на Татјана Стојановска   

Фолк-пејачката Татјана Стефановска се дружеше со светската британска пејачка Соник на Широк сокак, на журката во Битола. Фолк-пејачката на забавта дојде со своите другарки и цела ноќ се забавуваа на хитовите на Соник. Таа се пофали и со фотографии, но рече дека иaко пеат различна музика, имале многу што да си кажат. Традиционално седми пат и оваа година во рамките на „Бит-фест“ се одржа „Белата ноќ“ во Битола, на која главна ѕвезда беше Соник.

Диџеј Соник е една од најпопуларните музичарки на денс-сцената со потполно автентичен звук. Нејзиниот интернационален мегахит „Ај фил соу гут“ во 2000 година беше број еден хит на најголемите светски листи.

 

Scroll to Top