Спејко со Љупка на свадба кај поранешната девојка

Победникот на последното регионално шоу „Големиот брат“,  Дарко Спејко, заедно со својата девојка, блогерката  Љупка Митрова, беше на свадба кај  својата поранешна љубов Тина.  Тој пред Љупка беше вљубен во Тина, која исто така беше дел од шоуто. Според кажувањата на Барбара Шегетин, која ја организирала свадбата на Тина во Никшиќ,   Дарко и Тина  сега биле одлични  пријатели.  Таа изјавила дека се дружат и дека убаво е повторно да се соберат и да евоцираат спомени.

Гостите ги забавувал бенд кој изведува ромска музика. Освен Дарко, кој дошол на свадбата со актуелната девојка Љупка Митрова, бил и Ервин Мујаковиќ, кој во реалното шоу беше несреќно вљубен во Тина.

Поранешната на Спејко, Тина, се мажи за Раца Јовановиќ (29), со кого живее во Никшиќ. По свадбата планираат да живеат во Виена.

Scroll to Top