Стилистот Бубе Ин го оперира рамото

Стилистот Бубе Ин неодамна ја направи потребната операција на рамото. За него изминатава година е една од најтешките во животот. Тој заболе од воспаление на мозокот, видно ослабе, а во јавноста се раширија вести дека е ХИВ-позитивен.

Бубе јавно проговори за болеста, а со помош на донациите од своите пријатели, клиенти и хумани луѓе успеа да собере доволно средства за операција. За него беше организиран и хуманитарниот настан „Мајсторите за мајсторот“, по што Бубе замина на операција, а по успешно изведената интервенција, порача: „Се враќам на пиедесталот“.

Бубе на својот фејсбук-профил објави фотографија од рендген-снимката на рамото на која се гледа дека е извршен потребниот хируршки зафат.

„Почитувани пријатели, познајници, клиенти и неизоставните непријатели, еве, конечно, неодамна се реализира мојата операција имплант на рамото. Сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа да се направи овој зафати и на сите оние душогрижници што само прашуваа што се случи, каде отиде помошта, кои мислеа дека сето е само фарса… е, па, еве, уверете се сами… Што е со мене по сите лоши нешта што ми се случуваа во овој период, верувам во Бог и во сам себе дека веќе нештата ќе одат во нагорна линија кон подобри и посреќни денови. Среќен сум што бев опкружен со позитивни ликови кои ми ја вратија самодовербата и сфатив дека сум имал многу клетници што ми ја цицале крвта, но доста беше, се рехабилитирам и се враќам на пиедесталот што ми припаѓа, до кој стигнав мачно и со многу труд и мака и нема да дозволам да го земе некој тукутака, верувајте, се враќам на големо со многу новини. И да не зборавам да му се заблагодарам на мојот тим, кој остана лојален и истраен до крајот на сите мои негодувања и одговори на моите барања и потреби! Thanks дечки, You are the best, Love you!“, напиша Бубе.

Scroll to Top