Стилот на Гоце Арнаудов низ стари фотографии

Фолк-ѕвездата  Гоце Арнаудов, кој почона пред 6 години,  уште кога се појави на сцената стана препознатлив не само по пеењето туку и по стилот на облекување. Но, тука беше и неговата препознатлива  фризура.   Арнаудов секогаш привлекувал внимание со изборот на гардеробата – брендирани парчиња, маички со принт, класични палта, шарени впечатливи кошули.

Секогаш е интересно да се погледне архивата со неговите стари фотографии, и тоа од времето кога имал долга коса.

Арнаудов е роден во Струмица 1954 година. Стана миленик на македонската публика 1994 година со победата на „Фолк фест – Валандово“ и песната „Дали чекаш стара мајко“. Арнаудов има напишано преку 200 песни, учествувал на стотина фестивали, а на преку 60 има освоено прво место. Неколку пати е прогласуван за најпопуларна личност на Македонија.

Гоце има три деца, синот Оскар и ќерките Харита и Кристина. Иако полусестри, Кристина и Харита се многу блиски. Харита се породи минатото лето, а Кристина ја користи секоја можност да биде покрај неа и да ѝ помогне. Во една пригода Харита изјави дека никогаш не ѝ се исполнила најголемата желба, татко ѝ Гоце да ѝ пее на свадба.  Арнаудов почина од рак во  2011.

Фото: Стара Струмица

Scroll to Top