Свршеницата на Борко откри како ќе им вика синот

Николина, свршеницата на голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, откри дека нивниот син ќе се вика Душан. Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија од персонализираните патики со кои Борко игра на првенството во Хрватска.

„Патиките со кои тато ќе брани на ЕП во Хрватска, со името и срцебиењето на нашиот син“, напиша таа.

„Сакам слика од неговото срцебиење. Линијата на срцето на Душан на моите патики. И лути лавови“, рекол Борко кога со Сатја Грабулоски разговарале за дизајнот на патиките.

На патиките што за Борко рачно ги изработи Сатја со својот тим се гледа името Душан. Тие ја следат и линијата од срцебиењето на бебето, го имаат потписот на Борко и слика од два лава, симбол на македонските ракометари, кои ги нарекуваат лавови.

(А.Ј)

Scroll to Top