Талат Џафери ѝ го прослави роденденот на Биг Мама

Албанската пејачка и ТВ-водителка Биг Мама го прослави својот 32. роденден. Големата забава се одржа во студиото на нејзината матична телевизија „ТВ 21“, а меѓу многуте пријатели и соработници чест ѝ направи и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ама и поранешниот министер за економија, Ваљон Сарачини. Меѓу гостите беа и Аделина Тахири, Коки од „Тајфата“, Елена Стефановска, Ненад Георгиевски, Зоран Шурбески и многу личности од јавниот живот во Македонија.

Фото: Акон фотографи

На роденденската журка Биг Мама беше облечена во црн фустан, креација на битолскиот моден дизајнер Андреј Папаз, кој го дизајнирал фустанот специјално за неа.

Биг Мама е родена во Тетово 1986 година. Македонската публика ја запозна пред десетина години кога настапуваше на домашниот Избор на песна за Евровизија во дует со Боки 13.

 

 

Scroll to Top