„Те молам, мамо не ме оставај“-Панчо од ДНК прозборе за смртта на својата мајка

Панчо од дуото ДНК си ја отвори душата и прозборе за смртта на неговата мајка која пред неколку години почина, боледувајѓи од рак. Вели колку и да не верувал бо Бог, кога дознал за лошата болест, почнал да го бара под дро и под камен, за да му помогне.

„Особено  кога ќе дознаеш дека член од семејството боледува од рак“, открива ар-ен-би пејачот за Мама365. Вели дека одкако ја дознал лошата вест, морал да се соочи со предизвикот да живее со шок, неверување, тага и лутина.

Иако бил оптимист , сепак знаел дека ситуацијата е многу лоша и дека тешко дека некое чудо ќе може да се случи за неговата мајка да ја победи лошата болест.

„Имав многу бес во мене. Цел свет ми беше виновен и бев толку лут на Бога што сега се срамам и се каам заради тоа. Тогаш сфатив дека требаше повеќе да ја почитувам и секој ден да и кажувам дека ја сакам! Не сакав да останам сам на овој свет иако одсекогаш сум се снаоѓал сам, дури и сум ја издржувал мајка ми кога не работела, не за џабе велат декадека ‘ Една е мајка’! Ми недостига секој ден! Се би дал само да можам да поразговарам со неа и да ја гушкам бар еден час„, раскажува  Панчо за Мама365.

Во интервјуто тој открива дека неговата мајка била голем човек. Колку и да знаела да и се ближи крајот, никогач пред него не покажала слабоста.

„На крај, во последните денови, кога се веќе мирисаше на неубавиот крај, ја фатив за рака додека бев кај неа во болница и за прв пат заплакав прашувајќи ја: Мамо, што ќе правам без тебе, те молам не ме оставај! Сме победиле многу работи заедно, знам дека ќе победиме и овојпат, нели сме тим? Таа само ме стисна за раката, ми се насмевна, онака мајчински како што само таа знаеше, секогаш смирено и позитивно и ми рече: Буци мој, па јас сум презадоволна од животот, доста ми е веќе, уморна сум! Горда сум на тебе и на сестра ти, среќна што имам вакви деца. Чувајте се вие, јас ќе се одморам и ќе ве гледам и чувам одозгора„, открива пејачот

Колку и да не сакал да биде така, сепак неговата мајка не успеа да ја добие битката со ракот. Панчо речиси секогаш на своите настапи посветува песна на неговата мајка, а и последнит негов албум е посветен токму на неа.

Scroll to Top