Тијана објави фотографија од бебе

Тијана Дапчевиќ на својот инстаграм-профил објави црно-бела фотографија на која е бебе во прегратките на својот татко Вељко. Под фотографијата напиша „Тато и јас. ’76 Скопје“.

Во моментот Тијана е актуелна со музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“. Секоја недела ја гледаме со различна трансформација, па по ликовите на Здравко Чолиќ и Лејди Гага, следната недела ќе го имитира Џастин Тимберлејк.

Scroll to Top