Тијана по победата на ТЛЗП: Се чувствував генијално како Лејди Гага

Тијана Дапчевиќ во втората епизода од музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ ја имитира поп-ѕвездата Лејди Гага. Таа отпеа две нејзини песни A YO и Million Reasons и ги освои симпатиите на четиричленото жири и на другите девет учесници во шоуто.

„Од оваа перспектива мислам дека имитацијата на Лејди Гага ќе ми биде најлесната задача во шоуто. Се чувствував генијално“, рече Тијана за „Репортер“.

На сцената со неа се појавија и некои од најпознатите српски манекенки во улога на ангелите на „Викторија Сикрет“. Тијана следната недела ќе има многу потешка задача и ќе го имитира Џастин Тимберлејк.

Scroll to Top