Тијана: „Се изборив машки со имитацијата на Цезар“

До крајот на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ остануваат уште само четири емисии, а темата на вчерашната епизода беше „Евровизија“. Тијана овој пат го имитираше Цезар, претставникот на Романија во 2013 година.

„Се изборив машки со предизвикот. Ова е според мене најбесмислениот настап на која било Евровизија воопшто“, рече Тијана за „Репортер“.

Таа додаде дека нејзин фаворит во вчерашната епизода бил Леон кој го имитираше Лака од Босна, а кој победи.

Scroll to Top