Цаци Паковска ја креираше втората венчаница на Каролина

Авторката и водителка на ТВ-проектот „Стилисимо“, Цаци Паковска ја креираше втората венчаница на Каролина.

Имено, пејачката блесна во прекрасна венчаница купена во Италија, но по завршување на венчалниот чин, таа се пресоблече во бел винтиџ-фустан, за кој се погрижи нејзината долгогодишна пријателка и стилистка, Цаци Паковска.

За својата пријателка и долгогодишна соработничка, Цаци избра прекрасен бел краток фустан и впечатливи чевли, истакнувајќи ги на тој начин елегантна и романтична страна на пејачката.

Scroll to Top