Цацко му ја исполни желбата на Александар, момчето со аутизам

Петнаесетгодишниот Александар е дете со аутистичен синдром, и е голем фан на на Цацко Конопишки од „К-15“. Бубо Каров, кој го глуми ликот на Цацко во хумористичната серија, вчера се сретна со младото момче и му ја исполни неговата желба за Нова година. Фотографии од нивната средба беа објавени на „Твитер“, а Александар бил пресреќен што го запознал својот идол. Момчето открило дека секојдневно гледа „К-15“, а дека негов омилен херој од серијата е Цацко.

„Александар (15) дете со аутистичен синдром денот му почнува и завршува со клиповите на К-15. Неговиот херој е Цацко. Фала Бубо што одвои време да му го направиш денот на ова дете“, стои во објавата.

(А.Ј.)

Scroll to Top