Црвената штикла на антикорупциската разрешуваше функционери  

Во мат црвени штикли, членка на антикорупциската комисија денеска на седницата објаснуваше за поднесените приговори за разрешување повеќе функционери. Во просториите на антикорупциската комисија анткорупционерката со црвените штикли постојано го привлекуваше вниманието со неуморното тропкање со штиклата по ногалките од столчето.

Ова дури предизвика смеа кај новинарските екипи што го следеа настанот, па дури и мрморење меѓу нив дека ако не престане нервозно да тропка со штиклата, звукот на тропањето ќе влезе како тонско парче во изјавите.

Меѓу разрешените функционери е и Слободанка Алексовска, директорка на Агенцијата за вработување.

Scroll to Top