Да не паднеше Груевски од власт, Богоев ќе останеше ерген

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев (28), кој деновиве ја побара за сопруга својата девојка Ивана, им отвори работа на  твитерџиите. Неговата изјава дека чекал Груевски да падне од власт па да ја бара Ивана за жена беше повод да се зборува за него две дена на социјалните мрежи.

„Со еден глас за, Ивана избра да“, напиша градоначалникот на Карпош под  фотографијата со него и Ивана и прстен од локум со кој тој ја  побара за жена.  Неговата изјава  „Со Ивана сме заедно осум години. Имаме голема љубов, разбирање, што би се рекло, сите предуслови за брак ни беа исполнети. Но причината поради која ја побарав за жена  осум години од почетокот на нашата врска е таа што уште многу одамна дадов збор дека ќе се оженам кога ќе падне власта предводена од Груевски“, напиша Богоев на „Фејсбук“.  И од тука тргна сè на „Твитер“. Прво се фатија за француското вино „моет“ кое е во позадина на фотографијата, а потоа и за изјавата за Груевски.

„Моет“ е француско пенливо вино, од средна класа, но сепак „солено“ за македонскиот џеб. Цената на „моет“ на фришоп е околу 60 евра за шише, а цените за вакво пенливо задоволство во македонските ресторани се движат од 100 до 150 евра за шиш“, велат на „Твитер“.

Дел од твитовите за Богоев:

Чинот за поздравување, ама изјавата на младиот општински градоначалник – за смеење.

 

Љ.Владимиров

Scroll to Top