Урко живее за боксот

Поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко, објави фотографија на социјалните мрежи на која тој е на боксерски меч. На натпреварот што се одржа неодамна во Босна и Херцеговина Дејан бил заедно со својата екипа, вљубеници во боксот. Не е тајна дека тој изминативе години интензивно се занимава со неговиот омилен спорт, а е и личен тренер на многумина кои го сакаат боксот. Покрај боксот, некогашниот бодигард на Груевски е и магистер по дипломатија на Европскиот универзитет.

Scroll to Top