Венчаницата на Каролина на насловната на „Вог“

 

Венчаницата на Каролина Гочева е од познатиот италијанскиот дизајнер Ермано Шервино. Прилично скапа, оваа венчаница се најде и на насловната страница на познатиот светски магазин „Вог“. Чевлите, пак, се исто така од Италија, од дизајнерот Џанвито Роси.

Свадбата на поп-ѕвездата Каролина Гочева е топ-тема изминативе денови. Таа во саботата се омажи со уметникот Михаил Корубин со кого две години претходно беа во љубовна врска.

И покрај прогнозите кој ќе ја дизајнира венчаницата, дали свекрвата Лиле Корубин, стилистката Цаци или, пак, некој друг, сепак, Каролина се реши за венчаница од модните писти во Милано.

Scroll to Top