(Видео) Ај Кју промовираа нова песна

Оваа 2017 година е исклучително успешна за бендот Ај Кју. Откако ги промовираа песните „Најдобар“ и „Мојот крал“ (за која направија и акустична верзија), сега го претставија видео записот за песната „Колку добро те знам“.

Композитор и текстотписец на оваа песна е Бојан Трајковски, а заедно со Дарко Димитров го направија аранжманот. Песната е снимена во студијата „Мјузик хаус“ и студио „Димитрови“. Видеоспотот го сними Горила филмс продукција, а режисер е Јован Куциновски.

Scroll to Top