(Видео) Даниел Данн си најде слатка танчерка

Поп-пејачот Даниел Данн на својот инстаграм-профил објави видео на кое танцува со својата внука, Леона. Двајцата одлично се забавуваат во ритамот на музиката, а Леона, која наскоро ќе полни три години, изгледа ги наследила музичките гени од чичко ѝ.

„Како вистински професионалец гледа во камерата додека игра. Можеби би можела да се појави и во некој следен спот со мене“, ни рече Даниел.

https://www.instagram.com/p/Bb624uxF5A4/?taken-by=danntown

Го прашавме Данн за идните музички планови, но и за неодамнешниот настап во Србија.

„Во моментов се подготвува нешто ново, снимаме со Марга Сол во нејзиното студио. Што се однесува до Србија, пак, втора година по ред ме канат да пеам на фестивал на танци на Копаоник, заедно со уште неколку колеги оттаму. Додека да се појави новата песна, со публиката се дружиме на настапите во Скопје и низ земјава“, рече Данн за „Репортер“.

(А.Ј)

Scroll to Top