(Видео) Денеска е 10-годишнина од последниот концерт на Тоше

Фановите на Тоше Проески денеска ја одбележуваат 10-годишнината од одржувањето на неговиот последен концерт на Градскиот стадион.

По тој повод вечерва на плоштадот Македонија повторно ќе се одржи манифестацијата „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, а пред присутните ќе биде пуштена нова, досега необјавена песна од музичката ѕвезда.

Но, додека да ја слушнеме новата песна Light the flame, ве потсетуваме на последниот концерт на Тоше.

Scroll to Top