(Видео) „Екстра бенд Скопје“ снимија свое музичко шоу

Момците од „Екстра бенд Скопје“ снимија свое музичко шоу, каде пеат народни песни кои се најбарани на нивните настапи низ земјава. Минатата година тие имаа рекорден број на настапи, што ги поттикна годината да ја почнат со голем музички проект.

„При изборот на песните најмногу внимававме на кои песни реагира публиката, било да е тоа на свадби, свирки или прослави на кои сме свиреле. Сето тоа го склопивме во музички сплетови кои се за сечиј музички вкус и душа“, велат момците од бендот.

Видеата се снимени во соработка со Ване Петковски и „ИН Продукција“.

„Екстра бенд Скопје“ минатата година го промовираа спотот за песната „В’туѓа земја не останувам“, а проектот со преработките на популарните хитови е најава за богатата музичка година за бендот.

Scroll to Top