(Видео) Емoтивен видеоспот на Некст Тајм за „Слушам кај шумат шумите“

Стефан и Мартин Филиповски од дуото Некст Тајм, вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје ја промовираа својата најнова песна „Слушам кај шумат шумите“. Песната ја преработи композиторот Никола Мицевски, а миксот го изработи Дејан Момировски.

Некст тајм се враќаат на сцената две години откако ја обработија старата народна песна „Ѓурѓа“

И оваа преработка на старата македонска народна песна посетителите на промоцијата, нно и нивните фанови на социјалните мрежи ја оценија како фантастична, а Стефан и Мартин, обраќајки им се на присутните на промоцијата, рекоа:

„Долго време бевме надвор од сцената со цел на публиката да ѝ дадеме нешто навистина квалитетно кое ќе вреди да се слушне и да се види.“

Песната е дополнета со уште подобро изработен спот од страна на Мелем продукција, а го режираше Огнен Шапковски. Спотот кој наликува на филмска приказна е еден од најдобрите видео спотови кои се направени кај нас, е општиот впечаток на фановите.

За да се подготват за снимањето, Стефан и Мартин земаа часови по јавање.

Главната улога во спотот ја има актерката Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер и браќата Мартин и Стефан.

 

Љ.В.

Scroll to Top